Дигитален отпечаток
Дигитален отпечаток е трагата што ја оставаш зад тебе кога го користиш
интернетот.

•
Дигиталниот отпечаток не мора да биде лош или добар. Тој постои и без
разлика на вашите чувства, ефектите врз вас зависат од повеќе фактори како што
се вашите вредности, приоритети, возраст, училиште и очекувања од
семејството.
•
Твојот дигитален отпечаток е креиран од видливите работи, како што се твоите
постови на социјалните медиуми и постовите на другите луѓе. Во ова се
вклучени и фотографиите, update на статусот, чекирањата на одредени локации,
онлајн групите и сајтовите на кои си се приклучил или си кликнал like, како и
постовите од другите луѓе кои ти си ги споделил.
•
Вклучува информации кои може да се научат за тебе од сајтовите кои си ги
посетил, личните информации кои си ги внел, пораките и електронските пораки
кои ги испраќаш.
Што ако откриеш работи во твојот дигитален отпечаток кои не ти се допаѓаат?
➤ Прифаќај пријателства само од луѓе кои ги познаваш и во реалниот живот
➤Подеси ја приватноста на социјалните медиуми така што да не се гледаат
приватните информации како сликите и другите информации
➤ Направи ги потребните подесувања така што некој мора да побара твоја
дозвола за да те тагира (означи)
• Заостри ја безбедноста на социјалните мрежи
Избриши ги работите кои не сакаш другите да ги гледаат.
Може нема да успееш
тотално да ги направиш невидливи, затоа што може се споделувани од други, но
можеш да ги направиш тешки за пронаоѓање
• Ресетирај ја својата лозинка често.
Внимателно размисли пред да постираш било што, дали си сигурен дека тоа
сакаш да остане вечно. Некои од постовите ќе останат и за твоите внуци да ги
прочитаат.
Во времето што е потребно да кликнете на некој линк, некое дете некаде веќе почнува да создава дигитална трага која може да ја следи некој што не му мисли најдобро на детето и кој може да го злоупотреби“, рече Лоренс Чанди, директор на УНИЦЕФ за податоци, истражување и креирање политики.. „Сè помали и помали деца се приклучуваат на интернет, па затоа потребата да отвориме сериозна дискусија за тоа како тие и нивниот дигитален отпечаток да бидат безбедни станува сè поитна“.

ЊУЈОРК, 6 февруари 2018 година – Над 175.000 деца за првпат одат на интернет секој ден - по едно дете на секоја половина секунда - соопшти УНИЦЕФ денеска. Дигиталниот пристап им овозможува на децата ризница од предности и можности, но и ги изложува на мноштво ризици и штети, вклучувајќи и пристап до штетни содржини,
експлоатација и злоупотреба, малтретирање преку интернет, и злоупотреба на нивните лични податоци, предупреди Фондот за деца.
експлоатација и злоупотреба, малтретирање преку интернет, и злоупотреба на нивните лични податоци, предупреди Фондот за деца.
- Координирање глобален, регионален и национален одговор. Мора да ја продлабочиме соработката меѓу креаторите на политики, органите на законот и технолошката индустрија за да ги втемелиме принципите на безбедност при дизајнирање технологија, и да соработуваме на изнаоѓање решенија за држење чекор со дигиталната технологија со која се овозможува и се прикрива нелегалната трговија и другата сексуална злоупотреба на деца на интернет.
- Заштита на приватноста на децата. Потребна ни е многу поголема заложба од страна на приватниот сектор и владите за заштита и спречување на злоупотреба на податоците на децата и почитување на нивното шифрирање; целосна примена на меѓународните стандарди при собирање и користење податоци за децата на интернет; и поучување на децата како да се заштитат од опасностите по нивната приватност.
- Зајакнување на децата на интернет преку порамноправен пристап и дигитална писменост. Децата мора да се научат како да бидат информирани, вклучени и безбедни на интернет преку поголема соработка меѓу владите и технолозите при развивање ИКТ-платформи и наставни програми, почнувајќи од основно преку средно училиште; поддршка на онлајн-библиотеки и проширување на капацитетот на јавните библиотеки за настава по дигитални вештини; инвестирање во обуки за дигитална технологија на наставниците; поучување на децата како да препознаат и да се заштитат од опасности и дезинформации на интернет; и преку тоа што концептот за дигитално граѓанство ќе стане основна компонента на наставата по дигитална писменост.
- Искористување на уникатната улога на приватниот сектор. Постои итна потреба од воспоставување и примена на етички стандарди за податоците и приватноста во индустријата, а со кои ќе се заштитат и ќе им се донесе корист на децата на интернет, вклучувајќи и етичко развивање и понуда на производи, со што ќе се намали ризикот по децата.
- Инвестирање во подобри докази за пристапот, можностите и ризиците за децата на интернет. Потребни ни се подобри докази за пристапот и активностите на децата на интернет, со цел ваквите докази да ги искористиме за регулаторни рамки и политики во кои се признаваат различните потреби и права на децата; јакнење на координацијата и размената на знаења на глобално ниво за да се одговори на предизвиците на дигиталниот свет; продлабочување на соработката со детските организации; и посистематска соработка со креаторите на политики и со законодавците.
Во следните 5 години Huawei ќе инвестира 2 милијарди долари за развој на онлајн безбедноста.


Comments
Post a Comment